Кремљ наводно користи вештачка интелигенција за наводно да всади патриотизам кај децата и да ги поттикне против Западот.
Ѕвездите на серијата се младиот Владимир Путин, Доналд Трамп, Емануел Макрон, Илон Маск, Ким Џонг Ун и Реџеп Таип Ердоган.
Целата работа ја продуцирал главниот пропагандист на Путин, Владимир Соловјов (61).
Според него, целта е да се научат децата на патриотизам од многу рана возраст, како и „да се оспособат најмладите да се вклучат во геополитички дискусии“.
Тој сподели трејлер на својот профил на Телеграм, кој трае околу триесет секунди и прикажува бебиња како зборуваат.
Путин е прикажан со пријателско, мирно лице, облечен во бело кимоно. До него е мече, симбол на рускиот идентитет, и црн брод, кој ја претставува Црноморската флота.
До него е Ким Џонг Ун, кој држи ракета во рацете. Џиновски ракети може да се видат и во позадината на неговата соба без прозорци. Неговата е-адреса во цртаниот филм е [email protected], што наликува на експлозија.
Исто така, се појавува и малиот Ердоган како седи во соба украсена во отомански стил со фес на главата. Неговата е-адреса е [email protected], што алудира на големиот број луксузни хотели што се изградени во Турција во последните години.
Цртаниот филм го прикажува и малиот Доналд Трамп во кичеста златна соба, додека малиот Илон Маск држи минијатурен автомобил Тесла во рацете.
Во една од сцените, малиот Ким Џонг Ун го задева Емануел Макрон затоа што секогаш си игра со својата баба. Со ова, креаторот алудира на бракот на Макрон со неговата 24-годино постара сопруга Брижит.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата