logo
logo
logo

Путин со пет услови за завршување на војната во Украина

Vecer | 28.05.2025

Путин со пет услови за завршување на војната во Украина

Тројца руски неименувани извори тврдат дека условите на Путин се:

- Ветување дека НАТО нема да се шири на исток;

- Украина да биде неутрална држава;

- Укинување на дел од западните санкции;

- Решавање на прашањето за замрзнатите руски имоти;

- Заштита на луѓето кои зборуваат руски јазик во Украина.

Условот НАТО да не се шири кон исток значи Украина, Грузија, Молдавија и другите поранешни република на Советски Сојуз да не бидат членки на Алијансата.

Еден од неименуваните извори посочи дека Кремљ верува оти Русија може да ја продолжи војната со години без огледа на санкциите и економскиот притисок на Западот.

Според вториот неименуван извор Путин се помалку е подготвен на компромис за територијалните прашања односно останува на ставот дека Русија има право на четири региони во источна Украина. 

Ниту Кремљ, ниту Киев се уште не ги коментитрале условите на Путин. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk