logo
logo
logo

Путин се закани: Нам ни останува да го вратиме сето она што е руско

Vecer | 09.06.2022

Путин се закани: Нам ни останува да го вратиме сето она што е руско

„Петар Велики 21 година се бореше во Големата северна војна. Беше во војна со Шведска и се чинеше како да им зеде нешто. Ништо не им зеде, го врати тоа што беше руско“, рече Путин по посетата на изложбата посветена на царот.

Тој ја спореди кампањата на Петар Велики со моменталната ситуација во Русија.

„Очигледно, нам ни останува да го вратиме она што е руско и да ја зајакнеме земјата. “, рече Путин, со закана за Европа.

Путин, кој е на власт 23 години, постојано се обидува да ги оправда руските акции во Украина, каде што неговите сили опустошија градови, убиваа илјадници и доведоа до милиони бегалци, објаснувајќи го својот став со историјата во која немало вистински украински национален идентитет и традиција на државност.

Петар Велики, автократски модернизатор на кој му се восхитуваат и либералните и конзервативните Руси, владееше 43 години, нарекувајќи ја според себеси тогашната руска престолнина  Санкт Петербург, изграден на територијата што ја освоил од Шведска. Владимир Путин е роден во Санкт Петербург.

Тоа бил проект што ги чинел животи на десетици илјади кметови кои ги принудил Петар да го изградат „прозорецот кон Европа“ во мочуриштата долж балтичкиот брег.

Пред посетата на Путин на изложбата, државната телевизија емитувала документарен филм во кој го фалат Петар Велики како цврст воен водач кој со модернизирана армија и морнарица во голема мера ја проширил руската територија на сметка на Шведска и Отоманската империја.

Путин често ги фали руските конзервативни историски лидери како царот Александар Трети или предреволуционерниот премиер Пјотр Столипин и на двајцата им подигна споменици низ целата земја. Наспроти нив се лидерите за кои Путин верува дека ја ослабнале државата, како Ленин и Никита Хрушчов.

„Путин сака лидери што ги гледа како цврсти, силни лидери“, рече Андреј Колесников, висок соработник во институтот Карнеги.

„Тој сака да го гледаат како модернизатор во стилот на Петар Велики, иако ќе влезе во историјата како суров владетел, повеќе како Иван Грозни“, додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk