logo
logo
logo

Путин: Резултатот од војната во Украина треба да биде долгорочен мир и безбедност за Русија

Vecer | 18.05.2025

Путин: Резултатот од војната во Украина треба да биде долгорочен мир и безбедност за Русија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија верува оти резултатот од специјалната воена операција во Украина треба да биде долгорочен мир, со што ќе се обезбеди безбедноста на Русија и ќе се заштитат интересите на луѓето што зборуваат руски јазик во Украина.

Путин во интервју за руската државна телевизија изјави дека Русија има доволно сила да ја заврши војната во Украина со посакуваниот исход.

-Овој резултат ги елиминира причините што ја предизвикаа оваа криза, создава услови за долгорочен одржлив мир и обезбедува безбедност на руската држава, рече Путин, пренесоа руските медиуми.

Путин нагласи дека интересите на луѓето кои го зборуваат рускиот јазик во Украина и кои ја сметаат Русија за своја татковина мора да бидат заштитени./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk