Вториот причинител на кризата се постојаните обиди на Западот да ја вовлече Украина во НАТО, додаде Путин. Тој зборуваше пред своите главни сојузници, меѓу кои кинескиот претседател Си Џинпинг, домаќин на самитот, индискиот премиер Нарендра Моди и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Зборувајќи за Украина, Путин рече и дека неговите разговори со Трамп на самитот во Алјаска отвориле пат кон мир.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата