logo
logo
logo

Путин и Трамп ќе се стретнат на 15 август на Алјаска

Vecer | 09.08.2025

Путин и Трамп ќе се стретнат на 15 август на Алјаска

Преговорите ги оцени како комплициран процес, но беше дециден дека во разговорите ке се бара и нешто за возврат, а не исклучува и одредена размена на територии.

„Европа сака да види мир, Европските лидери сакаат мир. Верувам дека Претседателот Путин сака да види мир и Зеленски сака да види мир. Сега Претседателот Зеленски мора да го добие се она што му е потребно бидејќи ќе мора да се подготви да потпише нешто. И мислам дека тој напорно работи на тоа.“- Доналд Трамп, Претседател на САД

Планот на Вашингтон и Москва за мир во Украина предизвика негодување во Киев и Брисел.. Зеленски освен што ја искритикува закажаната средба на Трамп и Путин, децидно се спротивстави за какви и да е територијални отстапки на Украина кон Русија.. Според Зеленски војната не може да заврши без Украина да биде дел од преговорите.

„Одговорот на украинското територијално прашање е веќе во Уставот на Украина. Никој нема и не може да отстапи од ова. Украинците нема да ја дадат својата земја на окупаторот.“- Володимир Зеленски, Претседател на Украина

Средбата на Путин и Трамп, организирана во американската држава Алјаска, ќе биде нивна прва средба лице в лице од 2019 година. Агенцијата ТАСС го цитираше помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, кој вели дека „Русија и САД се блиски соседи, делат заедничка граница и логично е нивната делегација да прелета над Беринговиот теснец“. Според оценката на Ушаков економските интереси на САД и Русија „се спојуваат“ во Алјаска и Арктикот, а постојат изгледи за договор на големи и корисни проекти“.

Вчера пак во Белата куќа Ерменија и Азербејџан, потпишаа историски мировен договор и му ветија на Трамп трговски предности за Соединетите Американски Држави. Спогодбата предвидува создавање транзитен коридор низ Ерменска територија, што ке ги поврзе Азербејџан со неговата енклава Нахичеван и ке се вика ќе се  вика „Патот на Трамп кон светскиот мир и просперитет“, на иницијатива на Ерменија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk