logo
logo
logo

Путин донесе одлука: ГЕНЕРАЛ АРМАГЕДОН Е СМЕНЕТ, СЕ ЗНАЕ И КОЈ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ

Vecer | 23.08.2023

Путин донесе одлука: ГЕНЕРАЛ АРМАГЕДОН Е СМЕНЕТ, СЕ ЗНАЕ И КОЈ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ

Генералот Виктор Афзалов, началник на Главниот штаб на руските воздушни сили (ВКС) е назначен за вршител на должноста командант на ВКС на местото на Сергеј Суровикин.

Ова го пренесува агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на информиран извор, кој исто така рекол дека Суровикин е разрешен од должноста.

Афзалов веќе беше вршител на должноста командант на ВКС кога Суровикин командуваше со руските трупи во Украина.

Рускиот портал РБК во вторникот, повикувајќи се на неименуван извор, објави дека Суровикин, кој не е виден во јавноста по неуспешниот бунт на приватната воена компанија „Вагнер“, е сменет од позицијата командант на Воено-космичките сили. .

Порталот наведува дека Суровикин е сменет од функцијата заменик командант на воените операции во Украина, но дека ќе остане вработен во Министерството за одбрана.

„Генералот Сергеј Суровикин е разрешен од должноста поради префрлање на друго работно место“, рекол изворот кој додал дека Суровикин моментално е на „краток одмор“.

Засега руското Министерство за одбрана не соопшти ништо за ова.

Западните медиуми пишуваат дека Суровикин веројатно бил свесен дека „Вагнер“ ќе започне вооружен бунт против руското воено раководство, а американската телевизија Си-Ен-Ен објави дека тој е ВИП член на „Вагнер“.

Тој, наводно, имал личен регистарски број во Вагнер, како и најмалку 30 други високи руски воени и разузнавачки службеници.

Суровикин беше назначен за командант на руските воздушни сили во октомври 2017 година.

Пред тоа командувал со руските сили во Сирија, а бил и командант на Источниот воен округ.

Во октомври 2022 година беше назначен за командант на руските сили во Украина, а во јануари оваа година стана заменик командант.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk