logo
logo
logo

Прво прелиминарно рочиште од судскиот процес против Јун

Vecer | 20.02.2025

Прво прелиминарно рочиште од судскиот процес против Јун

Иако на подготвителното рочиште не се бара присуство на обвинетите, сепак Јун одлучи да присуствува на седницата. По рочиштето, Судот го разгледува барањето на Јун да биде пуштен на слобода.

Јун е прв претседател на Јужна Кореја на кого му се суди. Тој од јануари е во притвор, а му се суди бидејќи на 3 декември 2024 година прогласи воена состојба, што предизвика политичка криза во Јужна Кореја. Јун може да се соочи со доживотна или смртна казна.

За време на рочиштето пред Судот во Сеул, каде беа распоредени околу 3.200 полицајци, имаше околу 500 приврзаници на Јун, кои бараат негово ослободување. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk