logo
logo
logo

Првиот човек на МААЕ, Рафаел Гроси, се гледа како нов генерален секретар на ОН

Vecer | 30.11.2025

Првиот човек на МААЕ, Рафаел Гроси, се гледа како нов генерален секретар на ОН

Во коментар за неделното издание на италијанскиот весник „Ла Република“, 64-годишниот Аргентинец рече дека не сака да сугерира дека неговиот избор е однапред одреден , „но верувам дека сум почитувана личност од сите страни и имам вистински контакт со сите“.

„Моќта за преземање иницијатива е целосно изгубена во ОН“, рече Гроси во коментарот што е критички настроен кон сегашниот шеф на ОН, Антонио Гутереш, португалски дипломат кој ја предводи ОН два мандата од 2017 година.

-Генералниот секретар на ОН мораше да води активна дипломатија, рече Гроси, кој својата кандидатура за оваа функција во ОН ја објави во септември, пренесе ДПА.

Покрај него во трката за нов прв оперативец на Обединетите нации се и пПоранешната чилеанска претседателка Мишел Башелет и поранешната потпретседателка на Костарика, Ребека Гринспан.

Гроси оценува дека во моментов Советот за безбедност на ОН е речиси целосно заглавен, бидејќи Кина, Русија и САД - трите најмоќни постојани членки - честопати заземаат спротивни ставови.

Тој истакна дека како шеф на МААЕ, автономно тело под капата на ОН, одржувал контакт со сите најважни земји. 

Функцијата генерален секретар традиционално ротира помеѓу светските региони, а овој пат редот е на Латинска Америка. Ниту една жена досега не ја извршувала оваа престижна функција, потсетува ДПА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk