logo
logo
logo

Прва снимка од апсењето на атентаторот на Трамп, му се закануваат 15 години затвор (ВИДЕО)

Vecer | 16.09.2024

Прва снимка од апсењето на атентаторот на Трамп, му се закануваат 15 години затвор (ВИДЕО)

На прес-конференција, шерифот Вилијам Снајдер рече дека Рут е уапсен на автопатот 95 и дека тоа е „најприоритетно“апсење извршено во областа, објави порталот „wptv“.

„Во потерата беа вклучени сите расположливи единици. Веројатно околу 30 од нив беа таму. Тие го опколија возилото на осомничениот и вешто го избркаа од патот“, рече Снајдер.

Шерифот рече дека осомничениот не возел опасно и дека информациите се добиени од канцеларијата на шерифот на округот Палм Бич. Еден од сведоците на престрелката го фотографирал возилото за бегство на осомничениот, што ѝ помогнало на полицијата да го лоцира, а подоцна и да го уапси.

Снајдер додаде дека Доналд Трамп ги повикал полицајците лично да им се заблагодари за апсењето на напаѓачот. Тој, исто така, ги поканил да дојдат во неговиот имот во Мар-а-Лаго.

Потсетуваме, претходно денеска Рајан Весли Роут беше изведен пред судот во Флорида, и каде против него е покренато обвинение. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна од 15 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk