Прелиминарните проценки го надминуваат обемот на штетите од сезоната на пожари во 2020 година, изјави главниот метеоролог на компанијата, Џонатан Портер, предупредувајќи дека шумските пожари во областа на Лос Анџелес би можеле да станат најлошите во модерната историја на Калифорнија доколку изгорат повеќе структури, објави NBC.
Некои од најскапите недвижнини во САД се наоѓаат на потегот од Малибу до Санта Моника, а многу куќи во таа област вредат милиони долари.
Доколку се потврдат овие проценки, обемот на штетата ќе ги надмине загубите предизвикани од ураганот Хелена во 2024 година, кои изнесуваат помеѓу 225 и 250 милијарди долари, како и оние предизвикани од шумските пожари во Мауи во 2023 година, проценети на помеѓу 13 милијарди долари и 16 милијарди долари, според NBC.
The total damage and economic loss from the Southern California wildfires is now an estimated $250 billion-$275 billion, AccuWeather says. https://t.co/yR0zXx1f6U
— NBC News (@NBCNews) January 13, 2025
Во пожарите во областа Лос Анџелес досега загинаа најмалку 24 лица, а десетици се водат како исчезнати.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата