Потпретседателот Џ.Д. Венс кој што ја предводеше американската делегација пред да го напушти Пакистан, по неколкучасовните мировни преговори, разговори со Иран во Исламабад, потврди дека не успеале да постигнат договор. Запирањето на нуклеарните капацитети на Иран беше основна цел која што не беше постигната.

„Имавме голем број суштински разговори со Иранците, тоа е добрата вест. Лошата вест е дека не постигнавме договор. И тоа мислам дека повеќе е лоша вест за Иран, отколку за САД. Значи, се враќаме на тоа дека САД не постигнаа договор. Ставивме до знаење за тоа кои се нашите црвени линии, за кои сме подготвени да се прилагодиме, а за кои не. Истото го ставиме до знаење колку е можно појасно, но тие одбија да ги прифатат нашите барања.“- потпретседателот Џ.Д. Венс.
Според министерството за надворешни работи на Иран вели дека разговорите биле „интензивни“ и го повика Вашингтон да се воздржи од „прекумерни барања и незаконски барања“.
Потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, не го спомена Ормутскиот Теснец на својата прес-конференција. Сепак дел од аналитичарите сметаат дека со оглед на маратонското преговарање, се чини дека е можно за некои одредени работи да има приближување на ставовите.

„Очигледно е дека двете страни се обвинуваат меѓу себе за пропаѓањето на преговорите. Но, тешко е да се очекува лесна разврска на проблемите кои траат 47 години наназад и истите да се решат за десетина часа директни преговори - тоа е преголемо очекување. Очигледно е дека сме каде што сме и сегашната загриженост е дали војната ќе продолжи, особено што Орумтскиот теснес во Иран ќе станува ќе биде точка на жариште.“- -Касра Наџи, Аналитичар.

Инаки, клучен дел од условното примирје е безбедното поминување на бродовите низ Ормутскиот теснец.Меѓувреме Иранската револуционерна гарда соопшти дека Ормутскиот теснец е во нивни раце, а „секој обид на воени бродови да поминат низ Ормускиот Теснец ќе биде строго казнет.

САД побарале негово итно и целосно отворање за меѓународен поморски сообраќај, но Иран го одбил тој услов, инсистирајќи дека нема да се откаже од влијанието врз оваа стратешка рута за транспорт на нафта. Останува отворено и нуклеарното прашање. Исто така спорни се и замрзнатите ирански средства во вредност од околу 27 милијарди долари, кои се наоѓаат во банки низ светот кои Иран бара да бидат одмрзнати за обнова на земјата по конфликтот, но САД го одбиле тој предлог.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата