logo
logo
logo

Промената на режимот во Иран не е дел од ставот одобрен од ЕУ, изјави портпаролот на Европската комисија

Vecer | 18.06.2025

Промената на режимот во Иран не е дел од ставот одобрен од ЕУ, изјави портпаролот на Европската комисија

 Тој додаде дека трајната безбедност се постигнува преку дипломатија, а не преку воени дејствија.

Според него, ЕУ бара сеопфатен политички пристап кон Иран за решавање на сите отворени прашања.

Европската унија отсекогаш била на мислење дека Иран никогаш не треба да се здобива со нуклеарно оружје. Техеран развива такви капацитети кршејќи го меѓународното право и ова го оцени Меѓународната агенција за атомска енергија, истакна портпаролот.

По вчерашниот вонреден онлајн состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас резимираше дека никој нема корист од ескалацијата на конфликтот во регионот.

Таа повика на почитување на меѓународното право, на покажување воздржаност и на избегнување дејствија со непредвидливи последици на Блискиот Исток.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk