Тој напиша на својата социјална мрежа X дека треба да се изготви нов закон, објави Би-Би-Си.
„Треба да се изготви нов закон за трошење кој нема масовно да го зголеми дефицитот и да го зголеми плафонот на долгот за 5 ТРИЛИОНИ ДОЛАРИ“, напиша Маск.
Потоа додаде дека Америка е на брзата лента на ропство на долгот.
„Јавете се на вашиот сенатор, јавете се на вашиот конгресмен. Банкротирањето на Америка не е во ред“, напиша Маск.
Ова доаѓа само еден ден откако Маск го нарече законот „одвратен срам“.
„Овој масивен, скандалозен, полн со глупости закон за трошење на Конгресот е одвратен срам. Срам за оние кои гласаа за него: знаете дека сте направиле грешка. Го знаете тоа“, напиша тој вчера на платформата X.
Тој претходно рече дека е разочаран од законот, кој, со додавање на 2,4 трилиони долари на буџетскиот дефицит, ќе ја „поткопа“ работата на неговиот тим за намалување на федералните трошоци, со кој штоп раководеше и добиваше пофалби од претседателот Трамп.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата