logo
logo
logo

Продолжен засилениот надзор над тројца затвореници поради закани кон Никола Саркози

Vecer | 24.10.2025

Продолжен засилениот надзор над тројца затвореници поради закани кон Никола Саркози

 Париското обвинителство ја продолжи мерката за засилен надзор над тројца затвореници кои се осомничени дека на социјалните мрежи објавиле видео-снимка со закани упатени кон поранешниот француски претседател Никола Саркози, кој издржува казна во парискиот затвор Ла Санте.

Канцеларијата на парискиот обвинител вчера ја продолжи оваа мерка против тројцата осомничени, откако на социјалната мрежа објавиле видео-снимка на која се слушаат навреди и извици упатени кон Саркози, а која очигледно ја снимил еден затвореник по доаѓањето на поранешниот претседател во затворот Ла Санте, пренесува БФМ ТВ.

Како што се додава во соопштението на обвинителот, управата на затворот извршила претрес при што се запленети два телефона.

Саркози е осуден и затворен во парискиот затвор Ла Санте за заговор за финансирање на неговата изборна кампања во 2007 година со средства од Либија.

На поранешниот француски претседател му се доделени двајца вооружени полицајци да го штитат додека ја отслужува затворската казна. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk