logo
logo
logo

Приведени 14 лица во врска со оштетениот телекомуникациски кабел меѓу Хелсинки и Талин

Vecer | 31.12.2025

Приведени 14 лица во врска со оштетениот телекомуникациски кабел меѓу Хелсинки и Талин

Шефот на полицијата на Полисихалитуса, Илка Коскимаки, изјави дека во операцијата се приведени 14 членови на екипажот на бродот, пренесуваат локалните медиуми. Како што се наведува, меѓу приведените членови на екипажот има руски, грузиски, казахстански и азербејџански државјани. Според Коскимаки, бродот во моментов се наоѓа на безбедна локација.

Полицијата наведува дека истрагата е сè уште во почетна фаза. Полицијата во соработка со бродот на Граничната служба ја презела контролата врз бродот и го зазела командниот мост.

- Во тек е истрага за тежок прекин на телекомуникациите и обид за тешка саботажа, соопшти финската Гранична служба.

Шефот на Граничната служба, Марку Хасинен, рече дека информациите за оштетениот кабел пристигнале до Граничната служба рано наутро од компанијата „Elisa“.

- Од самиот почеток бевме во контакт со нашите естонски партнери, изјави тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk