logo
logo
logo

Принцот Хари ја посети Украина: „Не можеме да ја запреме војната, но можеме да помогнеме“

Vecer | 13.09.2025

Принцот Хари ја посети Украина: „Не можеме да ја запреме војната, но можеме да помогнеме“

Ова е второто патување на Хари во Украина годинава, откако во април го посети центарот за ранет воен персонал во Лавов. Хари десет години служеше во британската армија пред да ја основа фондацијата „Invictus Games“, која организира меѓународен спортски настан за воен персонал ранет во акција.

Хари беше поканет во Киев од премиерката Јулија Свириденко и Олга Руднева, директорка на центарот за рехабилитација „Superhumans“, соопшти неговата канцеларија. Тој исто така имаше приватни средби со министерката за прашања на бранителите, Наталија Калмикова, и премиерката, а подоцна положи венец на плоштадот Мајдан, додаде неговата канцеларија.

- Не можеме да ја запреме војната, но можеме да направиме сè за да помогнеме во процесот на закрепнување, изјави Хари за „Гардијан“ во ноќен воз за Киев, додавајќи дека пред патувањето добил дозвола од британската влада и неговата сопруга.

Патувањето се случи на крајот од четиридневната посета на Хари на Велика Британиј, каде после 20 месеци се сретна со неговиот татко, кралот Чарлс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk