logo
logo
logo

Нова рунда индиректни преговори за прекин на огнот во Газа започнува во Доха

Vecer | 06.07.2025

Нова рунда индиректни преговори за прекин на огнот во Газа започнува во Доха

Во главниот град на Катар, Доха, денеска започнува нова рунда индиректни разговори меѓу делегации од Израел и Хамас, со посредство на Катар, Египет и САД. Дискусиите се насочени кон можно постигнување на 60-дневен прекин на огнот, размена на затвореници и заложници, како и зголемени испораки на хуманитарна помош кон Појасот Газа.

Хамас веќе го прифати предлогот за договор од посредниците, но израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го оцени како "неприфатлив" барањата на палестинската страна.

И покрај ваквиот став, беше формирана израелска делегација која заминува за Катар, додека премиерот отпатува за Вашингтон на состаноци со американски претставници. Домашни критичари тврдат дека Нетанјаху го одолговлекува процесот од внатрешнополитички причини, и покрај растечкиот меѓународен притисок за итен прекин на огнот.

Паралелно со дипломатските напори, Израел продолжува со воздушни операции врз Газа, а локалните медицински извори информираат дека во последното деноноќие загинале над 70 луѓе.

Семејствата на израелските заложници протестираат со барање итен договор, додека јавноста бара јасни одговори околу приоритетите на владата. На терен, хуманитарната криза достигнува драматични размери, а перспективите за траен мир засега остануваат неизвесни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk