logo
logo
logo

Претставниците на Трамп размислуваат да затворат конзулати ширум светот поради трошоците

Vecer | 12.02.2025

Претставниците на Трамп размислуваат да затворат конзулати ширум светот поради трошоците

Конзулатите во Европа, Канада, Мексико и Пацифичките острови се меѓу оние што би можеле да бидат затворени.

Официјални лица потврдија дека Трамп ја разгледал листата на конзулати, но дека сè уште не е донесена конечна одлука и дека не е поставена временска рамка за какви било потенцијални затворања.

Се разгледуваат и дополнителни владини активности кои би можеле да се спроведат во овие мисии, како што се воени контакти со други земји и собирање разузнавачки информации.

Најголем број конзулати кои би можеле да бидат затворени се во Германија и Франција, соопштија официјални лица.

Стејт департментот побарал информации од конзулатите за нивното работење./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk