logo
logo
logo

Претставници на Кина, Русија и Иран разговараа со МААЕ за иранската нуклеарна програма

Vecer | 25.04.2025

Претставници на Кина, Русија и Иран разговараа со МААЕ за иранската нуклеарна програма

Средбата на трите земји со претставниците на МААЕ и генералниот директор на агенцијата следеше откако шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, претходно неделава го посети Пекинг.

На состанокот се разговараше за суштинската улога на МААЕ во процесот на политичко и дипломатско решавање на прашањето за нуклеарната програма на Иран, при што Кина изрази поддршка за дијалогот на Иран со сите актери, вклучително и САД, соопшти кинеската агенција.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, претходно изјави дека Русија ја поздравува желбата на САД и Иран да постигнат договор за нуклеарната програма на Иран и е подготвена да го олесни процесот на преговори меѓу земјите, но преговорите мора да ги земат предвид легитимните интереси на Техеран.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека дијалогот меѓу Иран, Русија и Кина за различни прашања, особено проблемот со нуклеарната програма на Иран, е неопходен за да се обезбеди стабилност во целиот регион на Блискиот Исток.

Шефот на иранската дипломатија претходно изјави дека директните разговори со САД за нуклеарниот договор во моментов не се можни поради санкциите и политиката на максимален притисок што ја води Вашингтон.

-Иран не е подготвен да преговара за своето право да збогатува ураниум, рече Абас Аракчи, додавајќи дека неговата земја е подготвена да изгради доверба во врска со евентуалната загриженост за иранското збогатување ураниум, но „за принципот на збогатување не може да се преговара“, рече Аракчи. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk