logo
logo
logo

Претседателот на Кина повторно предупредува: Никој не може да го запре обединувањето со Тајван

Vecer | 02.01.2025

Претседателот на Кина повторно предупредува: Никој не може да го запре обединувањето со Тајван

Во својот новогодишен говор, Си Џинпинг испрати јасна порака до сите кои се борат за независност на Тајван на и надвор од островот со 23 милиони жители, кој официјален Пекинг го смета за дел од својата територија, објави Ројтерс.

Во текот на изминатата година, Пекинг го засили воениот притисок во близина на Тајван, испраќајќи воени бродови и авиони во водите и воздушниот простор околу островот речиси секојдневно, во она што тајванските власти го гледаат како постепен обид за „нормализирање“ на военото присуство на Кина.

Кина го смета Тајван, каде владее западна форма на демократија, за своја територија. Сепак, тајванската влада ги отфрла тврдењата на Пекинг и посочува дека само народот на Тајван може да одлучи за нивната иднина и дека Пекинг мора да го почитува нивниот избор.

„Луѓето од двете страни на Тајванскиот теснец се едно семејство. Никој не може да ги раскине нашите семејни врски и никој не може да го запре историскиот тренд на национално обединување“, рече Си Џинпинг во говорот што го емитуваше кинеската државна телевизија CCTV.

Во минатогодишниот новогодишен говор, кинескиот претседател изјави дека „повторното обединување“ на Кина со Тајван е неизбежно и дека луѓето од двете страни треба да бидат обединети со заедничка цел и да ја споделат славата на обновувањето на кинеската нација.

Тензиите во регионот се зголемија откако Лаи Чинг-те, кого Пекинг го смета за сепаратист, стана нов претседател на Тајван во мај.

На почетокот на овој месец, Кина воведе поморска блокада на Тајван, откако Лаи застана на Хаваите и американската островска територија Гуам за време на турнејата во Пацификот што Пекинг силно ја критикуваше.

Кина, која никогаш не ја отфрли можноста за употреба на сила за да го стави Тајван под своја контрола, одржа две рунди воени вежби околу островот оваа година, велејќи дека тие се предупредување против „сепаратистичките потези“ и вети дека ќе преземе дополнителни чекори доколку е потребно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk