logo
logo
logo

Претседателката на Мексико обвинува: САД ни испратија мигранти, кои не се од нашата земја

Vecer | 27.01.2025

Претседателката на Мексико обвинува: САД ни испратија мигранти, кои не се од нашата земја

Шејнбаум објави дека Мексико примило повеќе од четири илјади депортирани и дека „огромното мнозинство“ од нив се Мексиканци. Во таа бројка се вклучени луѓе испратени од САД со четири летови, пренесува Ројтерс.

Од враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа, сепак, нема „значително“ зголемување на депортациите од САД во Мексико, рече Шејнбаум.

Претседателката претходно изјави дека нејзината левичарска влада се противи на враќањето на програмата „Остани во Мексико“ на администрацијата на Трамп, според која мигрантите од немексиканско потекло ќе бидат вратени во Мексико додека чекаат да почне процесот на разгледување на нивната апликација за влез во САД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk