logo
logo
logo

Премиерот на Шпанија во Кина заради јакнење на соработката, и покрај трговскиот спор со ЕУ

Vecer | 09.09.2024

Премиерот на Шпанија во Кина заради јакнење на соработката, и покрај трговскиот спор со ЕУ

Шпанија е една од земјите членки на ЕУ кои оваа година ја поддржаа тарифата од 36,7 проценти на увозот на кинески електрични возила, на што Кина одговори со отворање истрага за увозот на свинско месо од ЕУ.

Државната кинеска новинска агенција Синхуа засега не даде информации за што точно разговарале Санчез и Си.

Санчез, исто така, разговараше и со кинескиот премиер Ли Чианг и претседателот на Парламентот, Жао Лиџи. За утре се планирани повеќе бизнис-форуми, како и отворање на Институтот Сервантес, кој ќе го промовира шпанскиот јазик и култура.

И покрај тензиите во врска со спорот околу тарифите, Шпанија го поздрави планот на кинескиот производител на автомобили „Чери“ да отвори фабрика за електрични возила во Барселона.

Увозот на производи од свинско месо од ЕУ во Кина достигна врв од 7,4 милијарди евра во 2020 година, кога Кина беше принудена да увезува поради болест кај домашните свињи. Меѓутоа, увозот на свинско месо од ЕУ од тогаш падна на 2,5 милијарди евра во 2023 година, а речиси половина од тој увоз е од Шпанија./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk