logo
logo
logo

Премиерот на Шпанија: Моменталните трошоци за одбрана се доволни

Vecer | 25.06.2025

Премиерот на Шпанија: Моменталните трошоци за одбрана се доволни

Шпанија ќе ги исполни новите цели за способности кои денеска ги договорија членките на НАТО, но смета дека нејзиното моментално издвојување за одбрана од два проценти од БДП е „доволно, реално и компатибилно со државата“, изјави премиерот Педро Санчез по состанокот.

Шпанија веќе претходно изјави дека не мора да ја исполни целта од пет проценти и оти може да ги исполни своите обврски трошејќи значително помалку.

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг се обврзаа да инвестираат по пет отсто од националниот БДП годишно за основните потреби за одбраната и безбедноста до 2035 година. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk