Дејвид Еби, премиерот на Британска Колумбија, предупреди дека Канада мора да ги има на располагање алатките за борба против царините загрозени од Доналд Трамп додека американскиот претседател целосно не се откаже од своите планови.
„Тој сака да ја анектира Канада и да нѐ претвори во 51-та држава. Тоа е закана без преседан“, рече Еби, говорејќи на тревникот пред зградата на Законодавното собрание во Викторија. Големо канадско знаме беше во позадина, а членовите на партијата на Еби скандираа „Канада, Канада“.
Еби нагласи дека неговата е одлука не е колеблива од фактот што Трамп ги ослободил стоките од Канада и Мексико од царини од 25 отсто за еден месец. Тој објасни дека Британска Колумбија и Канада не смеат да попуштат додека заканата целосно не исчезне.
„Сето ова е намерна тактика за да се ослабне нашата решеност и нема да успее. Ова е неприфатливо и ќе се погрижиме Американците да разберат колку сме лути, колку сме обединети, колку сме посветени да работиме како земја за да се залагаме еден за друг. И велам дека не се откажуваме додека Трамп не ја тргне заканата од маса“, додаде тој.
Тој рече дека законите ќе бидат усвоени во наредните денови што ќе ѝ овозможат на покраината да наплатува такси за комерцијалните камиони кои одат кон или од Алјаска. Тој потсети дека Британска Колумбија веќе презела некои чекори порано, вклучително и отстранување на алкохолните пијалоци од американските држави предводени од републиканците од полиците на продавниците.
Тој истакна дека тарифите што Трамп ги воведе и потоа ги паузираше се „длабока грешка“ и дека тие им штетат на семејствата од двете страни на границата. „Трамп мисли дека може да нѐ клекне на колена со заканување со царини. Она што го гледа е Канаѓани кои стојат високо“, рече тој.
BREAKING: British Columbia Premier David Eby says his Province will pass legislation allowing it to tax U.S. trucks driving through Canada to Alaska, as it ramps up retaliation to President Trump's tariffs.
— Ed Krassenstein (@EdKrassen) March 6, 2025
He says that Americans are going to "understand how pissed off we are"… pic.twitter.com/qDMxybtNhw
Тој не прецизира како ќе функционира новиот закон. „Тоа нема да се спроведе веднаш, но ќе го имаме на располагање доколку е потребно“, одговори тој на прашањата на новинарите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата