logo
logo
logo

Преку кипарска територија од Блискиот Исток досега евакуирани 314 странски државјани

Vecer | 24.06.2025

Преку кипарска територија од Блискиот Исток досега евакуирани 314 странски државјани

Вкупно 314 странски државјани досега биле евакуирани од Блискиот Исток преку специјалниот национален план „Естиа“ на кипарската Влада за прием и репатријација, преку територијата на Кипар, на странски државјани, информираа преку платформата Икс од кипарското МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Во рамките на „Естиа“ и по барање на Франција претпладнево на аеродромот во Ларнака пристигнал авион од Израел, со 101 патник, а сите биле безбедно транспортирани до објектите на Координативниот центар од каде што ќе бидат префрлени во простори за привремен престој сè до нивното заминување.

- Вкупниот број на лица евакуирани преку планот „Естиа“ сега изнесува 314, соопштија од Министерството за надворешни работи на Кипар.

Пред десет дена кипарската Влада го активираше специјалниот национален план „Естиа“ што се однесува на прием, евакуација и репатријација на странски државјани од кризни подрачја преку територијата на Република Кипар. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk