logo
logo
logo

Преговорите за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел во Катар завршија без резултат

Vecer | 07.07.2025

Преговорите за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел во Катар завршија без резултат

Без договор завршија разговорите што се одржаа во Катар помеѓу претставници на Хамас и Израел за можен прекин на огнот. Двајца палестински извори информираат дека првата рунда на индиректни преговори во Доха била неуспешна, бидејќи израелската делегација, според нив, немала потребни овластувања за да договорат решение со Хамас.

Истите извори наведуваат дека разговорите продолжиле и вчера, веднаш пред третата посета во изминати шест месеци на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Белата куќа.

Нетанјаху, во пресрет на заминувањето за Вашингтон, истакна дека израелскиот тим за преговори има јасни упатства да постигне договор за прекин на огнот само доколку се исполнети условите кои ги бара Израел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk