logo
logo
logo

Предлогот за нуклеарен договор проистигна во Техеран- Трамп им понуди маслиново гранче

Vecer | 15.05.2025

Предлогот за нуклеарен договор проистигна во Техеран- Трамп им понуди маслиново гранче

„Водиме многу сериозни преговори со Иран за долгорочен мир“, рече Трамп, кој денес е во Катар како дел од турнејата на Блискиот Исток, објави Ројтерс.

Советникот на иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи, Али Шамкани, претходно денес изјави дека Иран е подготвен да се согласи на нуклеарен договор во преговорите со САД во замена за укинување на економските санкции.

Тој во интервју за NBC News рече дека Иран ќе се обврзе никогаш да не произведува нуклеарно оружје и дека ќе се ослободи од своите залихи на високо збогатен ураниум.

Американските и иранските преговарачки тимови одржаа неколку состаноци во Мускат и Рим во последните месеци на тема нуклеарна програма на Иран, која САД се стремат да ја исклучат секоја можност за нејзино користење за воени цели.

Зошто е тоа важно?

Ова беше прв пат откако започнаа нуклеарните разговори на почетокот на април, специјалниот претставник на Белата куќа, Стив Виткоф, да им достави писмен предлог на Иранците.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, го однесе предлогот во Техеран на консултации со врховниот лидер Али Хамнеи, претседателот Масуд Пазахстани и други високи функционери.

Претседателот Трамп во вторникот во Саудиска Арабија изјави дека им понудил на Иранците „маслиново гранче“, но нагласи дека „тоа не е понуда што ќе трае вечно“. Време е тие да изберат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk