logo
logo
logo

Пратеникот на Трамп за Украина: И Киев и Москва мора да „дадат по малку“

Vecer | 02.02.2025

Пратеникот на Трамп за Украина: И Киев и Москва мора да „дадат по малку“

„Мислам дека двете страни ќе дадат по малку“, рече Кит Келог, пензиониран генерал-полковник кој неодамна се врати од посета на Украина, во телевизиско интервју за Фокс њуз.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски „веќе навести дека ќе ја ублажи својата позиција на копно“, рече Келог, додавајќи дека рускиот лидер Владимир Путин „ќе мора да ги омекне своите позиции“.

Зеленски долго време одбиваше какви било територијални отстапки за Русија, чии војници контролираат голем дел од југоисточна Украина, но тој се соочува со притисок поради зголемените загуби на бојното поле и неизвесноста за континуираната поддршка на САД, јавија американските медиуми. Трамп, за време на неговата кампања за претседател, вети брз крај на речиси тригодишната војна, но даде неколку детали за тоа како се надева дека ќе го стори тоа.

Путин во вторникот рече дека неговата земја би можела да води мировни преговори со Украина, но ја отфрли можноста директно да разговара со Зеленски, нарекувајќи го „нелегитимен“, бидејќи неговиот претседателски мандат измина. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk