logo
logo
logo

Пратеник загина во пукање во зградата на Парламентот на Абхазија

Vecer | 19.12.2024

Пратеник загина во пукање во зградата на Парламентот на Абхазија

Пукање имаше денеска во зградата на Парламентот на Абхазија, кавкаски регион поддржан од Русија, кој се отцепи од Грузија, при што еден пратеник кој беше ранет им подлегна на повредите, јавија светските агенции, повикувајќи се на прес-службата на локалното претседателство.

Пратеникот Вахтанг Голанџија им подлегна на повредите со кои се здоби по пукањето во парламентарната зграда, објави на Телграм, прес-службата на вршителот на должноста шеф на државата, Бадра Гунба. Уште еден пратеник е повреден во раката.

Абхазиска новинска агенција информира дека Министерството за внатрешни работи на Абхазија го идентификувало пратеникот Адгур Харазија, како осомничен за престрелката, кој избегал од местото на пукањето. Во извештајот на министерството не е наведен мотивот.

Абхазија, регион што се граничи со североисточниот брег на Црното Море, се отцепи од Грузија како резултат на војната по распаѓањето на Советскиот Сојуз на почетокот на последната деценија од минатиот век, во која беа раселени стотици илјади етнички Грузијци. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk