logo
logo
logo

Пратеник во украинскиот парламент е обвинет за предавство

Vecer | 18.09.2023

Пратеник во украинскиот парламент е обвинет за предавство

Врз основа на наодите од истрагата, претставникот Нестор Шуфрич е обвинет за антиукраински активности, кои вклучуваат „поткопување на информативниот простор“.

Шуфрич е обвинет за тесна соработка и извршување на упатствата на Володимир Сивкович, московски агент одговорен за координација на руските средства во Украина. „Главната задача на Шуфрич беше да го поткопа информативниот простор“, се вели во соопштението на безбедносната служба, а пренесува Скај њуз.

СБУ додава дека пратеникот ги ширел лажните наративи на Кремљ дека украинската држава е вештачки ентитет, дека Украина и Русија имаат една историја и дека Украинците и Русите се еден народ. За ова кривично дело е предвидена затворска казна до 15 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk