Рафаел Гравен (46), познат и како Жан Порманов или ЈП, е снимен како лежи мртов во кревет, додека неговиот пријател фрла пластично шише кон него за да провери дали е жив, откако гледачите на преносот во живо забележаа дека не се движи.
Претходните снимки го покажаа како е давен, полеан со вода, а исто така го покажа и грбот полн со повреди, објави Монд.
Гравен доби голем број следбеници затоа што во живо се емитуваше себеси како е злоставуван или понижуван. Имал околу 580.000 следбеници на TikTok и речиси 670.000 на Twitch.
Сепак, тој бил најпознат на платформата Kick, која е позната по тоа што не ја регулира својата содржина. Тој се преселил на оваа платформа за да ги емитува своите гејмерски стримови, како и екстремните предизвици, и престана да објавува на TikTok на крајот на септември 2023 година.
За време на неговиот последен пренос во живо, тој беше виден во несвест, заедно со стримерите што ги користеа прекарите Наруто и Сафине. Првиот се обидел да го разбуди, но без успех, по „десет дена и ноќи тортура“, според некои извори кои споменале екстремно физичко насилство, лишување од сон и внесување токсични супстанции.
🚨🇫🇷🕊️
— Impact (@ImpactMediaFR) August 18, 2025
"IL ME SÉQUESTRE"
Voici ce qu’a envoyé Jean Pormanove à sa maman quelques jours avant son décès :
« Salut maman. Comment tu vas ? Coincé à la mort avec son jeu. Ça va trop loin. J’ai l’impression d’être séquestré avec leur concept de merde. J’en ai marre je veux me… https://t.co/WtPWZcvw0T pic.twitter.com/QJdkeiBdaC
Обвинителството во Ница соопшти дека Гравен починал ноќта помеѓу недела и понеделник во блиското село Контес.
Тие рекоа дека е започната истрага и е наредена обдукција за да се утврди причината за смртта.
Видеото на 46-годишниот маж прво било прикажано во живо на австралиска платформа наречена Кик, а подоцна се проширило на интернет.
Полицијата во Ница истражува, како што велат, намерни акти на насилство врз ранливи луѓе кои завршиле како видеа на интернет во последните осум месеци.
Истрагата, која започнала во декември, произлезе од извештајот на францускиот медиум Медиапарт кој открил постоење на такви видеа кои биле гледани од илјадници гледачи, особено на платформата Кик.
Во соопштението, портпаролот на Кик изјави дека компанијата итно ги разгледува околностите и работи со релевантните страни за да ја испита ситуацијата.
„Длабоко сме ожалостени од загубата на Порман и изразуваме сочувство до неговото семејство, пријателите и заедницата. Упатствата на платформата се дизајнирани да ги заштитат креаторите на содржини, а Кик е посветен на почитување на тие стандарди на целата наша платформа“, се вели во соопштението.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата