Пожарот наводно од непозната причина избувнал синоќа околу 23:00 часот по локално време на покривот на пазарот во областа Султанахмет во центарот на градот.
Бројните пожарникари кои пристигнале на местото на настанот успеале да го стават пожарот под контрола, изјави гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул.
Капали чаршија во Истанбул работи од 15 век. Базарот или чаршијата има вкупна површина од 30.700 метри квадратни и дневно го посетуваат околу 400.000 луѓе.и се смета за еден од најголемите и најстарите базари во светот популарен кај туристите
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата