logo
logo
logo

Пожар во зграда во Москва, зарабени се околу 100 станари (ВИДЕО)

Vecer | 08.02.2025

Пожар во зграда во Москва, зарабени се околу 100 станари (ВИДЕО)

По интервенција на противпожарните екипи, спасени се 80 лица, уште 120 се евакуирани, а три лица се пренесени во болница поради вдишување чад.

На пожарот, како што јави РИА Новости, му е доделен втор степен на сложеност од пет, изјавија од службите за итни случаи.

„Вработените во руското Министерство за вонредни состојби гаснат пожар во Москва. Поставени се специјални скали за спасување на луѓето од горните катови“, соопшти Министерството за вонредни ситуации на својот канал „Телеграм“.

Обвинителството води истрага. Пожарот избувнал во петкатната управна зграда лоцирана на улица „Електрозаводска“ бр.21.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk