Жртвата, 49-годишен маж, бил застрелан во градите во близина на трговскиот центар Вестланд околу 9 часот наутро, потврдија обвинителите за „Бриселс тајмс“.
Според белгискиот дневен весник „Ле Соар“, случајот е упатен до истражниот судија под квалификација убиство, а полицијата спроведува истрага на местото на настанот. Засега нема осомничени, а околностите на пукотницата се уште се непознати.
Најновото во низата насилни инциденти
Ова е уште едно во низата насилни инциденти што го засегаат главниот град на Белгија. Само од почетокот на годината, во Брисел се регистрирани повеќе од десет пукотници, во кои се убиени две лица, според Политико.
Минатата година, во тој град имало 92 пукотници, во кои се убиени девет лица. До февруари 2025 година, во дури три четвртини од случаите од 2024 година, ниту еден сторител не е уапсен, според официјалните податоци.
Истрагата за денешниот инцидент е во тек. Полицијата сè уште не објави дополнителни информации.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата