logo
logo
logo

Курц

„ПОРАЗ НЕ Е ОПЦИЈА ЗА ПУТИН, треба мирно решение на конфликтот“

Vecer | 17.10.2022

„ПОРАЗ НЕ Е ОПЦИЈА ЗА ПУТИН, треба мирно решение на конфликтот“

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц изјави дека ЕУ мора да продолжи да инсистира на мирно решавање на конфликтот во Украина, бидејќи „поразот не е опција за Путин“.

Курц за германскиот весник „Билд ам Зонтаг“ изјави дека е сосема јасно оти сите сакаат Украина да победи, но истакна дека поразот воопшто не е опција за рускиот претседател Владимир Путин.

Според него, во ситуација кога на светот му се заканува нуклеарен конфликт меѓу светските сили, ЕУ мора да инсистира на мировни процеси.

„Во овој момент најважно е да се запре крвопролевањето и да се постигне мирно решение на преговарачка маса за да се спречи уште поголем конфликт“, рече Курц.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk