logo
logo
logo

Поранешниот претседател на Бразил е во затвор, зашто се обидел да ја скрши алката за следење

Vecer | 23.11.2025

Поранешниот претседател на Бразил е во затвор, зашто се обидел да ја скрши алката за следење

Алармот на електронскиот систем за следење се огласил во 00:07 часот, по што безбедносниот тим на Болсонаро веднаш го известил Секретаријатот за спроведување на затворски санкции на Федералниот округ, кој е одговорен за контрола на уредот, објавува денеска порталот G1.globo.com.

Според истражителите, самиот поранешен претседател признал дека користел опрема за заварување за манипулирање со уредот за следење.

Бразилските власти изјавија дека се „збунети од однесувањето на поранешниот претседател“, кој ги изненади сите со својата „ароганција“, оценувајќи дека не станува збор за тривијална грешка, како што е деактивиран уред, туку за „де факто и намерно кршење на законот“.

Обидот на Болсонаро да го деактивира електронскиот уред за следење се случил во раните утрински часови во неговиот семеен дом.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk