logo
logo
logo

Поранешниот гувернер на Централната банка на Либан останува во затвор

Vecer | 09.09.2024

Поранешниот гувернер на Централната банка на Либан останува во затвор

Саламе беше обвинет за проневера на 42 милиони долари, а по рочиштето судијата издаде налог за негово задржување во притвор.

Обвинителите тврдат дека Саламе префрлал пари преку други сметки за да завршат на неговата лична сметка, а либанското Министерство за правда поднесе тужба против него за проневера на јавни средства.

Саламе беше гувернер на централната банка 30 години и е под истрага во неколку европски земји за финансиски криминал. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk