logo
logo
logo

Поранешниот германски претседател Хорст Келер почина на 81-годишна возраст

Vecer | 01.02.2025

Поранешниот германски претседател Хорст Келер почина на 81-годишна возраст

Келер „почина утрово во Берлин по кратко и тешко боледување, опкружен со своето семејство“, се наведува во соопштението на претседателството.

Келер беше демохристијанин, кој го презеде германското претседателство откако претходно беше на чело на Меѓународниот монетарен фонд од 2000 до 2004 година и претседател на Европската банка за обнова и развој од 1998 до 2000 година.

По завршувањето на неговата кариера како претседател, Хорст Келер беше од 2017 година до 2019 година Специјален пратеник на ОН за Западна Сахара, а од функцијата замина поради здравствени причини, потсетуваат француските медиуми. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk