Тој упати итен апел до владите на земјите од Персискиот Залив, Обединетите нации, ЕУ и светските лидери да интервенираат пред да истече ултиматумот што американскиот претседател Доналд Трамп му го постави на Иран за отворање на Ормуската Теснина.
- Ве молам, уште еднаш, направете сè што е во ваша моќ пред овој лудак (Трамп) да го претвори регионот во огнена топка...“ напиша Ел Барадеј на платформата X.
Тој ги нагласува стравувањата дека ситуацијата може да се претвори во катастрофална регионална војна доколку дипломатијата не успее.
Трамп му даде на Иран рок до 6 април да склучи договор и повторно да ја отвори Ормуската Теснина, и се закани дека во спротивно ќе се соочи со „пекол“.
Египетскиот политичар Мохамед Ел Барадеј ја предводеше МААЕ од 1997 до 2009 година, период во кој водеше многу клучни преговори со Иран за неговата нуклеарна програма.
Тој и МААЕ заеднички ја добија Нобеловата награда за мир во 2005 година за нивните напори за промовирање на мирнодобска употреба на атомската енергија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата