Камара беше осуден во јули 2024 по командна одговорност. Тој беше прогласен за виновен за злосторства против човештвото.
Камара во 2008 година со државен удар ја презема власта во Гвинеја. Тој владееше до 2010 година, а потоа ја напушти земјата и беше во егзил во Буркина Фасо.
Во 2009 година демонстрантите протестираа на стадионот во главниот град на Гвинеја, Конакри поради намерата на Камара да се кандидира за претседател на земјата. Гвинејските војници отворија оган врз мирните демонстранти. Тогашната хунта тврдеше дека силувањата и убиствата ги извршиле „неконтролирани“ елементи на армијата. Но, „Хјуман рајтс воч“ соопшти дека главните соработници на камара биле на стадионот, но ништо не презеле да го спречат масакрот.
Камара тврди дека спиел за време на масакрот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата