logo
logo
logo

Полскиот претседател доби гаранција од САД дека нема да го намали военото присуство

Vecer | 18.02.2025

Полскиот претседател доби гаранција од САД дека нема да го намали военото присуство

- Добивме уверување дека нема апсолутно никаква американска намера да се намали активноста овде во нашиот дел од Европа, особено во безбедносната сфера, да се намали бројот на американските сили, изјави Дуда, кој важи за поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе Бета.

- Уште еднаш, нема страв дека САД ќе го намалат своето присуство во нашата земја, додаде Дуда, кој побара од своите сонародници „да останат мирни“ во однос на американската политика во регионот.

Полска, сојузник и сосед на Украина, беше последната станица на патувањето на Келог во Киев, каде што треба да пристигне утре.

Неговата посета на Варшава дојде откако високи американски претставници се сретнаа со руските преговарачи во Саудиска Арабија за првпат откако Трамп ги изненади сојузниците на Вашингтон со тоа што се согласи да почне разговори со неговиот руски колега Владимир Путин./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk