logo
logo
logo

Полски борбени авиони пресретнаа руски авион над Балтичкото Море

Vecer | 25.12.2025

Полски борбени авиони пресретнаа руски авион над Балтичкото Море

Овој настан е продолжение на серијата тензии на источното крило на НАТО, каде што земјите се во состојба на висока готовност од септември, откако руски воени авиони го нарушија естонскиот воздушен простор и повеќе од 20 руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор.

Официјалното соопштение за медиумите на полската војска утринава ги даде деталите за операцијата. 

„Утринава над меѓународните води на Балтичкото Море, полските борбени авиони пресретнаа, визуелно идентификуваа и испратија надвор од нивната зона на одговорност руски извидувачки авион што леташе близу до границите на полскиот воздушен простор“, се наведува во соопштението.

Покрај активностите на море, инцидент е регистриран и на копнената граница. Армијата објави дека во текот на ноќта биле забележани објекти кои влегле во полскиот воздушен простор од правец на Белорусија. 

„По детална анализа, беше утврдено дека најверојатно станува збор за шверцерски балони, кои се движеле во согласност со насоката и брзината на ветерот“, објаснија оттаму. 

Поради ова, дел од воздушниот простор над североисточниот регион Подлаские, што граничи со Белорусија, е привремено затворен за цивилен сообраќај со цел да се обезбеди безбедност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk