Полска ја затвори својата граница со Белорусија овој месец поради воените вежби предводени од Русија во Белорусија.
Дрон го наруши воздушниот простор
Загриженоста на Полска, членка на НАТО и Европската Унија, за воените вежби „Запад“ се интензивираше кога руско беспилотно летало влезе во нејзиниот воздушен простор околу 21:00 часот во ноќта меѓу 9 и 10 септември.
„Завршувањето на овие вежби ги намалува, иако не можам да кажам дека целосно ги елиминира различните закани, а земајќи ги предвид економските интереси на полските превозници и железници, заклучивме дека оваа мерка ја исполни својата цел“, изјави Туск пред владата.
„Доколку тензиите се зголемат, нема да се двоумиме и ќе донесеме соодветни одлуки“, предупреди полскиот премиер.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата