logo
logo
logo

Полска ја спушта рампата: Туск најави укинување на барањата на мигрантите за азил

Vecer | 27.03.2025

Полска ја спушта рампата: Туск најави укинување на барањата на мигрантите за азил

Туск ја објави одлуката за усвојување на контроверзниот закон потпишан од полскиот претседател Анджеј Дуда, кој ќе им овозможи на полските власти да го суспендираат правото на азил до 60 дена, јавува Би-Би-Си.

Дуда рече дека промените се потребни за да се зајакне безбедноста на границите на земјата.

Овој закон беше критикуван од групите за човекови права, вклучително и Хјуман рајтс воч (ХРВ), наведувајќи дека ЕУ треба да преземе правни мерки против Полска доколку законот се имплементира.

ХРВ минатиот месец го повика полскиот парламент да го отфрли предлог-законот, велејќи дека тој е „спротивен на меѓународните обврски на Полска“ и може ефективно целосно да ја затвори границата на Полска со Белорусија, каде полските власти веќе вршат нелегално и насилно протерување на мигрантите.

Полската влада претходно соопшти дека суспензијата привремено ќе се применува само за луѓето кои претставуваат закана за националната безбедност, со исклучок за малолетниците без придружба, бремените жени, постарите или болните и оние кои се соочуваат со реален ризик доколку се вратат во земјата од која побегнале.

Полскиот премиер Доналд Туск ги отфрли критиките од групите за човекови права.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk