logo
logo
logo

Полска го активира Член 4 на НАТО, с еогласи Туск: Во текот на ноќта имаше 19 упади со дронови

Vecer | 10.09.2025

Полска го активира Член 4 на НАТО, с еогласи Туск: Во текот на ноќта имаше 19 упади со дронови

Тој додаде дека е потврдено дека се соборени три беспилотни летала и се чека потврда за уште едно, објави Ројтерс.

Туск, исто така, рече дека Полска побарала од НАТО да го повика Член 4 од Северноатлантскиот договор во врска со нарушувањето на нејзиниот воздушен простор од страна на беспилотни летала.

„Фактот дека овие беспилотни летала, кои претставуваа закана за безбедноста, беа соборени ја менува политичката ситуација. Затоа, сојузничките консултации беа во форма на формално барање за активирање на Член 4 од Договорот за НАТО“, рече Туск.

Член 4 од Северноатлантскиот договор прецизира дека „страните ќе се консултираат меѓусебно“ ако се заклучи дека нивниот „територијален интегритет, политичка независност или безбедност“ е загрозен.

За разлика од Член 5, кој ја дефинира меѓусебната одбрана и обврската нападот врз една членка да се смета за напад врз сите, Член 4 не подразбира воен одговор, туку започнување консултации во рамките на Алијансата.

За потсетување, полските власти претходно утрово објавија дека руски беспилотни летала влегле во полскиот воздушен простор и дека полските воздухопловни сили употребиле оружје за да ги соборат.

Полската војска соопшти дека влегувањето на беспилотни летала во воздушниот простор на земјата за време на рускиот напад врз Украина претставува „чин на агресија“ што ја загрозува јавната безбедност и бара соборување на објекти, објави Ројтерс.

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Варшава го информирала генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за дејствијата што ги презела Полска против руските беспилотни летала.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk