logo
logo
logo

Половина милион Авганистанци го напуштија Пакистан поради акцијата против мигрантите

Vecer | 08.12.2023

Половина милион Авганистанци го напуштија Пакистан поради акцијата против мигрантите

Речиси половина милион Авганистанци кои живееле во Пакистан се вратиле во својата земја во изминатите два месеци, откако пакистанската влада ја започна борбата против илегалните мигранти, изјави денеска привремениот министер за внатрешни работи Шафраз Бугти.

Претставници на пакистанската влада велат дека кампањата не е насочена кон Авганистанците, иако тие го сочинуваат најголемиот број странци во земјата.

Пакистан беше дом на над 1,7 милиони Авганистанци кои дојдоа таму пред четириесет години, а им се придружија уште половина милион кои избегаа од Авганистан, кога талибанците ја презедоа власта во таа земја во 2021 година по повлекувањето на американската армија и НАТО.

Привремениот министер за внатрешни работи Бугти на денешната прес-конференција рече дека во последните два месеци се вратиле над 482 илјади Авганистанци, од кои 90 отсто доброволно.

Тој рече дека Пакистан исто така одлучил да депортира десет Авганистанци кои легално престојувале во земјата, но биле вклучени во политички активности.

Бугти не ги идентификуваше десетте Авганистанци кои ќе бидат депортирани, ниту пак даде детали за нивните активности во пакистанската политика.

Повеќето Авганистанци не поднеле барање за пакистанско државјанство, бидејќи се надевале дека нема да бидат принудени да ја напуштат земјата. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk