Надреалната сцена се случила во сабота наутро, кога патниците излегле од воз што пристигна во француската престолнина од Лион.
На станицата, во 12-от арондисман, полицијата се сомневала дека мажот и детето кријат нешто. Прво го пребарале нивниот куфер, во кој пронашле мелница, а кога започнало подетално пребарување, биле шокирани, објави БФМТВ.
Имено, во долната облека на малолетникот пронашле луксузен накит вреден 10 милиони евра.
Обвинителството изјави дека приведените се по потекло од Тунис и дека се уапсени на станицата Гар де Лион во Париз.
Според локалните медиуми, истражителите пронашле часовник Ролекс, ѓердан проценет на пет милиони евра, обетки вредни два милиони евра и прстен проценет на еден милион евра, во чорап скриен во долната облека!
Дуото крадци наводно е познато на полицијата по бројни кривични дела.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата