logo
logo
logo

Полиција ја чува куќата на судијата кој ја донесе пресудата против Марин Ле Пен

Vecer | 02.04.2025

Полиција ја чува куќата на судијата кој ја донесе пресудата против Марин Ле Пен

Полициски патроли се поставени пред домот на Бенедикт де Пертуи, судијата кој ја осуди лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен на четири години затвор и забрана за кандидирање за јавни функции во следните пет години, соопшти денеска француското Министерство за надворешни работи.

Француските медиуми денеска објавија дека „судијата примил голем број пораки кои содржат јасно изразени лични закани“, пренесува порталот Politico.eu.

Судијата Де Пертуи претседаваше со тричлена комисија која, по судењето за проневера на средства од Европскиот парламент, донесе контроверзна пресуда против Ле Пен, осудувајќи ја на четири години затвор, од кои две може да одлежи во домашен притвор.

Дополнително, Ле Пен е казнета со 100.000 евра и забрана да се кандидира за избори во следните пет години.

По пресудата, сојузниците на Ле Пен низ Европа и во САД ја осудија одлуката на судот како недемократска, а американскиот претседател Доналд Трамп ја нарече пресудата „многу голем настан“.

Говорејќи на француската телевизија во понеделникот вечерта, Ле Пен рече дека Де Пертуи донел „политичка одлука“ и го прекршил законот.

Францускиот министер за правда Жералд Дарманен во понеделникот јавно го бранеше судијата Бенедикт де Пертоа.

„Заканите насочени кон судија се неприфатливи во демократијата и загрижувачки за независноста на судството“, рече Дерманен.

Претседателот на екстремно десничарската партија Национален собир, Џордан Бардела, ги повика Французите да протестираат против одлуката на судот викендов во Париз.

„Французите треба да бидат огорчени и јас им велам да бидат огорчени. Овој викенд ќе излеземе на улица“, изјави Бардела за радио Европа 1 и телевизијата CNews.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk