logo
logo
logo

Дел од покривот се урна на аеродромот во Мајорка, помина без повредени

Vecer | 24.06.2025

Дел од покривот се урна на аеродромот во Мајорка, помина без повредени

Денеска попладне во просторот за преземање багаж на меѓународниот аеродром Сон Сан Хоан на Мајорка, дел од покривот се сруши.

Стаклени фрагменти и друг градежен материјал завршија на подот во моментот кога во аеродромот имаше многубројни патници, со оглед на туристичката сезона и зголемената посетеност на островот.

И покрај сериозноста на инцидентот, нема повредени лица. Најмногу штета е направена врз автоматите за храна и пијалоци во делот за поаѓање.

Информации од локалната полиција.

По настанот, надлежните веднаш ја обезбедија областа, а патничкиот сообраќај беше пренасочен кон други премини заради безбедност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk